Вие сте тука

17 Меѓународна конференција ,,Безбедноста на сообраќајот во локалната заедница"

Во периодот од 13-16 април 2022 година, во Врњачка Бања, Република Србија, се одржува 17 Меѓународна конференција ,,Безбедноста на сообраќајот во локалната заедница". На неа присуствуваат Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска и секретарот Владимир Лазаров. Претседателката на Советот учествува со својот труд ,,Потреба од повеќе вело-патеки со посебен осврт на градот Битола''.
Оваа Конференција е посветена на Втората деценија во безбедноста на сообраќајот (2021-2030), која е прогласена од Генералното собрание на Обединетите Нации во август 2020. Со размена на знаења и искуства, целта е да се унапредат и интензивираат докажаните мерки и да се спасат 5 милиони животи и спречат 50 милиони повредени лица во сообраќајот. Цело ова не може да го направи еден човек, ниту една институција! Затоа е потребна постојана соработка на сите субјекти вклучени во сообраќајот, академските институции, приватниот сектор, невладините организации, медиумите, повредените лица во сообраќајот и нивните семејства.
Искуствата кои ќе ги понесат присутните од РСБСП од оваа Конференција се од голема важност за натамошната заедничка стратегија на двете држави, Република Северна Македонија и Република Србија, се со единствена цел, зголемување на безбедноста во сообраќајот во целиот регион.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот