ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ е кампања на Европската комисија за подигање на свеста кај луѓето за одржлива урбана мобилност. Оваа кампања се реализира секоја година во третата седмица од септември, односно од 16 до 22 септември. Европската недела на мобилност се спроведува веќе 20 години со цел поттикнување на промени во однесувањето на луѓето и учесниците во сообраќајот во насока на активна мобилност, пешачење, возење велосипед, користење јавен превоз и други чисти, интелигентни транспортни решенија.РСБСП, МВР и Секторот за превенција од Битола, на 17 септември 2022 година во Битола реализираат активности од Европската недела на мобилност со цел поттикнување на учесниците во сообраќајот да го заменат моторното возило со велосипед кога се обраќаат на пократки релации затоа што возењето велосипед:
- е најевтин начин на урбана мобилност
- има еколошки бенефити (не ја загадува околината)
- троши малку енергија
- е практично бидејќи нема потреба од многу простор за движење и за паркирање
- придонесува за унапредување на физичкото и менталното здравје.
Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска пред учесниците на настанот зборуваше за значењето и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство и упати апел:
Вози велосипед! Иднината на одржливата мобилност е во твои раце!