Безбедноста на пешаците на прво место! И јас и ти сме пешаци! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедноста на пешаците на прво место! И јас и ти сме пешаци!

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Безбедноста на пешаците на прво место! И јас и ти сме пешаци!
    8 април 2023

    Денеска (08.04.2023) во Штип Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје започнаа со спроведување на кампања за подобрување на безбедноста на пешаците „ И јас и ти сме пешаци!“.
    Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска рече дека целта на кампањата е подигнување на свеста на пешаците дека се рамноправни учесници во сообраќајот и дека задолжително треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и возачите мора да ги почитуваат правилата за да обезбедат безбедност за пешаците.
    “Денеска во Штип се реализираа активности од кампањата за пешаци. На граѓаните им беше поделен едукативно-превентивен материјал и им се даваа препораки за однесување во сообраќајот затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и заедно треба да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.РСБСП упатува апел до пешаците: Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Задолжително преминувајте на означен пешачки премин. Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, рече Кожуваровска.”
    Според деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски оваа кампања на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност, исто како и минатата 2022 година, значително ќе придонесе за актуелизирање на предизвикот за безбедно учество во сообраќајот на сите учесници, особено на пешаците како ранлива категорија.
    „И оваа година ја продолжуваме кампањата за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Денеска од Штип испраќаме јасна порака за заштита на животот, за грижа за секој поединец, особено за најранливата категорија – пешаците. Јасно е дека само преку континуирани и добро реализирани мерки и активности, може да влијаеме на сообраќајната култура, секој учесник во сообраќајот да сфати дека од него зависи и неговата и безбедноста на сообраќајот на сите. Срдечно им благодарам на нашите партнери од МВР и РСБСП и на студентите од Факултетот за безбедност, за сите заеднички активности со кои покажуваме грижа и внимателност за секого, со очекување дека сите ќе бидеме внимателни и одговорни. И јас и ти, сите сме пешаци!“, рече Дујовски.
    Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека ваквите превентивни акции директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура и со тоа на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
    „Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму затоа, меѓу другото, организираме едукативно-превентивни активности како оваа денеска во Штип. Пешаците да ја преминуваат улицата само на пешачки премини и да ја почитуваат светлосната сигнализација односно никако да не ја преминуваат улицата доколку семафорот свети црвено. Не зборувајте на телефон додека преминувате улица туку целото свое внимание насочете го кон безбедно преминување од другата страна. Возачите пак, особено да внимаваат и да ја намалат брзината кога се приближуваат до пешачки премин и да им даваат предност на пешаците. Им благодарам на мнозинството граѓани кои со своето одговорно однесување придонесуваат за побезбеден сообраќај и ги повикувам и останатите да ни се приклучат и заедно да обезбедиме што е можно побезбеден сообраќај“, рече Ангеловски.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Средба на државната секретарка Несторовска со претседателката на РСБСП Кожуваровска
    Следна Објава:
    ПЕШАЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ – РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    РСБСП со активности на терен за одбележување на Денот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!
    • РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS