You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.
Јавен повик „Безбедни млади возачи“
Почитувани средношколци,
во рамки на кампањата „Младост без лудост“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта и партнерите, организираат натпревар за познавање на сообраќајните правила и прописи, под мотото „Безбедни млади возачи“.
Со цел да учествувате на јавниот повик за наградното натпреварување, на кое ќе се доделат 16 ваучери за полагање возачки испит, потребно е да ја пополните оваа апликација и да jа доставите на номинираниот координатор во Вашето училиште, Проф. (име презиме контакт телефон).
Право на учество имаат лицата од четврта година кои не поседуваат возачка дозвола.
Општи податоци:
Презиме: _________________________________________
Име: _______________________________________________
Контакт ( тел. или е-пошта) ________________________________
Училиште: ________________________________________________
Град: ________________________________________________
Општина: _________________________________________________
Пријавените средношколци ќе добијат материјали кои ќе им бидат потребни за полагањето. Рокот за поднесување на апликацијата и нејзино доставување е до 5.5.2017 година. Пријавата се поднесува на следнава е-пошта: edukacija@rsbsp.org.mk
Наградите за најдобрите 16 средношколци ќе бидат:
-
1 Ваучер за бесплатно полагање за „ Б-категорија“
-
5 Ваучер за бесплатно полагање на „АМ Категорија“
-
10 Ваучери со 50% попуст за „Б-категорија“
Ваучерите се со времетраење од една година, односно до мај 2018 година.
Финално тестирање и доделување ваучери ќе се одржи во АСУЦ „Боро Петрушевски“–Скопје. Тестирањето ќе го вршат претставници од МВР, Авто школите и РСБСП. Пријавените кандидати навремено ќе бидат информирани за начинот и времето на одржување на финалното тестирање.
Апликацијата и сите други прашања поврзани со натпреварот може да ги најдете на следнава е-пошта: edukacija@rsbsp.org.mk