Новости и Активности

You are here

Работна средба на Претседателот на РСБСП и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќаjот на патиштата Гордана Кожуваровска  оствари работна средба  со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија  Душко Пешич.  Целта  на состанокот беше унапредување на соработката помеѓу двете институции, реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „ Вози одморен“  и размена на едукативни видео материјали со цел едукација и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

Повисоко ниво на соработка помеѓу надлежните институции за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  во земјите на југоисточна европа е неопходно од причина што статистичките податоци покажуваат дека во овој дел на европа има повеќе загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители во однос на земјите од западна европа. Со цел подобрување на ваквата состојба неопходно е земјите во регионот да изградат еден заеднички пристап кон прашањата од областа на патниот сообраќај и преку размена на искуства, знаење, податоци, материјали и преку заедничка реализација на проекти и сообраќајно превентивни и едукативни активности, заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај во земјите од регионот.  Сообраќајот не познава граници и тоа треба да биде мотив и причина за силна соработка со партнерите од регионот – истакна м-р Гордана Кожуваровска, Претседател на РСБСП по повод остварената работна средба со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија.

Согласно наведеното РСБСП и во наредниот период ќе иницира и ќе реализира соработка со надлежните институции во земјите од регионот со цел  унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на регионално ниво а со тоа и унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на национално ниво. 

 

 

 

Target Groups

  • Cars
  • Childrens in traffic
  • Cyclists
  • Motorcyclists
  • Pedestrians
  • Teenagers

Your suggestions and comments

You can present useful ideas, proposals, and projects from all spheres in traffic safety through this form.

The contact form on the website is used exclusively for submitting electronic messages and contact with the Republic Council for Road Traffic Safety. The data sent through it, such as name and surname, e-mail, contact phone, and the content of the message are used only for contact with the sender of the message and will not be shared with third parties.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот