НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ! Секој повик може да почека! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ! Секој повик може да почека!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ! Секој повик може да почека!
    28 ноември 2022

    Многумина не можат да го замислат своето секојдневие без употреба на мобилен телефон, најчесто заради олеснета комуникација, функционалност, поефективно извршување на работните обврски и слично. И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон. Но, развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност за употреба на  секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде. 

    Во многу ситуации користењето на мобилен телефон е ризично и опасно, особено кога возите, но и кога пешачите.

    Во сообраќајот, мобилниот телефон како причина за одвлечено внимание на возачот се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години се очекува оваа состојба дополнително да се влошува. Одвлеченото внимание е причина за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу несреќни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Оттука и прашањето: Вреди ли?

    Статистиката на светско ниво покажува дека 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП во Република Северна Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат. Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.

              Се поставуваат прашањата:

    • Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате?
    • Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?
    • Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која ги изложувате вашиот и животите на вашите најблиски и на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите од користење на мобилниот телефон кога сте зад воланот?
    • Дали знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 km/h поминува 100 метри?

    Користењето на мобилен телефон додека возите е опасно и ризично!

    Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност.

    Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

    Не постои разговор на мобилниот телефон чија важност може да се спореди со пристигнувањето на посакуваната дестинација безбедно и со добро здравје.

    Затоа, не користи мобилен телефон додека возиш! Секој повик може да почека!

    РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Животот, здравјето и безбедноста нека ви бидат секогаш на прво место.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Aктивности од зимската кампања во Битола
    Следна Објава:
    СТРУЧЕН СОБИР „НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ!“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    РСБСП со активности на терен за одбележување на Денот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!
    • РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS