Носи кацига вози одговорно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Носи кацига вози одговорно!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Моторциклисти
    Носи кацига вози одговорно!
    2 јули 2022

    Во рамки на кампањата ,,Носи кацига, вози одговорно”, денес РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжија со своите активности.во Куманово. Со цел подигање на нивото на сообраќајна култура пред се кај возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети беа поделени едукативни флаери   и реализираа едукативни и поучни разговори со затекнатите учесници во сообраќајот.
    Дејан Андоновиќ од РСБСП потенцира дека овие кампањи имаат за цел да ја подигнат  јавната свест и сообраќајната култура. Тој меѓу другото констатира:
    „Со летните темпператури, но и со зголемените цени на горивата , на улиците  е забележливо големо присуство на велосипедисти, луѓе кои се движат со мопеди, но од поново време и со електрични тротинети. Мошне е важно оваа категорија на учесници во сообраќајот да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот, и во рамките на правилата и прописите да се движат во пропишаните места и со пропишана брзина на движење. Колку автомобилите се опасност за велосипедистите и мопедистите, толку оваа категорија претставува сериозна опасност за пешаците. Значи сите категории во сообраќајот, доколку се движат во пропишаните норми, ќе ја намалат опасноста од евентуални сообраќајни инциденти. Кампањите на РСБСП, заедно со МВР и Факултетот за безбедност имаат за цел да ја подигнат  јавната свест и сообраќајната култура. Да укажеме и да постетиме на опасностите, но и на превенцијата на лицата кои управуваат со овие превозни средства. Заштитната кацига за велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети носи безбедност и сигурност.
    Лицата кои управуваат електрични тротинети, покрај осветлувањето треба да носат и рефлектирачки елеци доколку се движат во период откако доаѓа вечерта, па се до раните утрински часови.
    Со почитувањето на правилата и прописите, и со подигната јавна свест, како и со заштитните средства како што се кацигите, значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и намалувањето на инцидентите кај оваа категорија на учесници“.
    Помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакнувајќи ја важноста и значењето на ваквите превентивни акции истакна:  „Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година има 44 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 58. Оваа кампања што денеска ја спроведуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот. Иако минатата година е најбезбедна во последните 15 години, сепак имаме 11 возачи на мотори кои го изгубиле животот. Доколку ги почитуваме правилата и носиме заштитен шлем оваа бројка значително ќе ја намалиме”.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Aктивности во рамки на кампањата „Носи кацига, вози безбедно“
    Следна Објава:
    Кампања во Битола – Носи кацига вози одговорно!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    РСБСП со активности на терен за одбележување на Денот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!
    • РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS