Вие сте тука

РСБСП активен  поддржувач и учесник на Првиот Македонски Конгрес за патишта

Месец  Ноември  2019 година, покрај останатото го одбележа организацијата на Првиот Македонски Конгрес за патишта кој беше организиран од страна на Друштвото за патишта на  Македонија. Првиот Македонски Конгрес за патишта се организира под Покровителство на Премиерот на Владата на Република Северна Македонија.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно ја поддржа организацијата на Првиот Македонски Конгрес за патишта. Покрај оргванизациска поддршка, важно е да се потенцира дека претставници на РСБСП учествуваа на наведениот конгрес и се претставија со соодветен научен труд на тема: „Патот и патната околина како фактори за безбедност на сообраќајот“.На конгресот учествуваа повеќе од 350 учесници, од кои преку 150 беа од странство односно од 15 различни држави, а беа  презентирани околу  70 научни труда од областа на:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба и одржување
  • Безбедност на сообраќајот на патиштата
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ITS и нови технологии во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата силно поддржува научни и стручни собири кои на директен или индиректен начин се поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата и имаат позитивен импакт во насока на унапредување на квалитетот на патната инфраструктура,  а со тоа и унапредување на безбедноста на сообраќајот  на патиштата.

Размена на искуства, знаење и позитивни практики и поголема примена на науката и научните сознанија во процесот на креирање и имплементација на реалните политики значително придонесува за унапредување на економскиот развој на секоја држава, а во конкретниот случај значително придонесува за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот