РСБСП со апел: Децата, тргнаа на училиште. Возачи, намалете ја брзината и внимавајте на децата во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Децата, тргнаа на училиште. Возачи, намалете ја брзината и внимавајте на децата во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    РСБСП со апел:  Децата, тргнаа на училиште. Возачи, намалете  ја брзината  и  внимавајте на децата во сообраќајот!
    1 септември 2021

    Училишното ѕвонче  означи почеток на новата учебна година, денес,  на 1 Септември.  Годинава ја одбележуваат нови предизвици, нови ризици и закани за безбедноста на децата, но и покрај тоа не смееме да заборавиме  на ризиците и опасностите кои ги демнат децата во сообраќајот.

    И понатаму останува важно прашањето  како децата навремено и безбедно да пристигнат до училишниот двор?  Не смееме да го заборавиме и да го занемариме фактот дека сообраќајните незгоди се сериозна закана за животот и здравјето на децата. 

    Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.

    Затоа РСБСП апелира до возачите: „Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате, затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата не видливи во сообраќајот.  Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните!

    Покрај тоа, РСБСП со потсетување до родителите дека тие се примерот на кој децата секојдневно се огледуваат. Личниот пример  кој родителите им го даваат на децата во сообраќајот треба да биде безусловно и целосно почитување  на  правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин всушност континуирано да ги наведуваат  децата да бидат безбедни и одговорни во сообраќајот!

    Статистичките податоци покажуваат дека децата многу често страдаат во сообраќајни незгоди како патници. Во таа насока, РСБСП потсетува на законската обврска според која, деца кои немаат полни 12 години, не смеат да се превезуваат на предното седиште, како и за обврската за користење сигурносен појас на сите седишта и детско седиште за деца на возраст до 5 години (дури и тогаш кога возењето трае кратко).  Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате, затоа, многу е важно секогаш да бидете заштитени вие и вашите најмили.        

                                                                                

    Покрај наведеното, РСБСП потенцира дека децата кои немаат полни 10 години не е безбедно да се оставаат сами да одат на училиште. Доколку од одредени причини се одлучите да  го пуштете детето да оди само на училиште, потрудете се да биде барем  во група од две до три деца.  Во таква ситуација,  секој одговорен родител должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот. 

    РСБСП на сите ученици им посакува успешна учебна година и уште еднаш ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот. Чувајте ги децата од повреди и загуби во сообраќајот!

      

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел до мотоциклистите: Заради ваша безбедност – носете заштитна опрема!
    Следна Објава:
    РСБСП: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце! Вози Велосипед!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS