РСБСП СО АПЕЛ: „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП СО АПЕЛ: „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!“

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП СО АПЕЛ: „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!“
    2 ноември 2021

    Проблемот со паркирани возила на места каде што тоа не е дозволено, е дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот.

    Секојдневно се сретнуваат слики на: блокирани тротоари, приоди и патеки, оневозможено безбедно движење на пешаците и на велосипедистите, на лицата во инвалидски колички, на лицата со оштетен вид, на мајките со деца…

    Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Водејќи се од тоа, РСБСП упатува потсетување до возачите на кои места не е дозволено да се паркира:

    •   Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

    •  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило:

    – на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од 10 метри од тие премини,

    – на крстосница и на оддалеченост помала од 10 метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,

    – на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од 15 метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,

    – на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност,

    – на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,

    – на велосипедска патека, односно лента,                                 

    – на тротоар, односно пешачка патека,

    – на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка  пруга во исто ниво,

    – на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот ,

    – на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај,

    – пред влез во објект, двор или гаража,

    – на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови,

    – над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија,

    – на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби,

    – на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило,

    – на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат,

    – на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

    Статичкиот сообраќај, односно паркирањето значително влијае на текот и на безбедното одвивање на сообраќајот.

    РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот нека биде ваш приоритет! Без изговори и без оправдувања! За непречено движење на сите учесници во сообраќајот – ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!

    #ПАРКИРАЈСОВЕСНО!    #ПАРКИРАЈОДГОВОРНО!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кампања “Паркирај совесно, паркирај одговорно”
    Следна Објава:
    РСБСП: Возете внимателно! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози – Подгответе го возилото за возење во зимски услови!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS