Денес, во просториите на Факултетот за безбедност во Скопје, РСБСП, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, организираа стручен собир на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш!“ со цел подигнување на свесноста за опасноста од користењето на мобилен телефон додека се управува со возило, како и унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.
На стручниот собир се обратија Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и деканот на Факултетот за безбедност Скопје проф. д-р Никола Дујовски, а потоа следуваа излагања и презентации во врска со темата на собирот, како и дискусија.
м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП посочи дека користењето на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и упати апел возачите да не користат мобилен телефон додека возат затоа што животот, здравјето и безбедноста треба секогаш да бидат на прво место.