Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во месец мај 2023 година ја реализира кампањата за одговорно и безбедно учество на мотоциклистите и велосипедистите во сообраќајот. Целта на кампањата е подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема, во прв ред заштитен шлем, и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата. РСБСП кампањата ја реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, низ едукативно- превентивни активности во повеќе градови.